Едно прво и едно трето место за македонските едриличари кои во Херцег Нови настапија на меѓународна едриличарска регата Монтенегро куп 2011. На регатата учествуваа околу педесетина едриличари од Србија, Хрватска , Македонија, Албанија и Црна Гора, кои се натпреваруваа во класите Оптимист, Ласер 4.7 и Ласер радијал.


Се одржаа осум регатни трки во различни временски услови, првиот ден на умерено југо,вториот ден на засилена бура со јаки налети на ветерот и третиот ден блага трамонтана.

Во најбројната класа со 39 едрилици Оптимисти-генерално Новица Велјаноски од ЕК Бофор- Охрид го освои бронзениот медал, Дамјан Поп-Стефанија од ЕК Далга -Охрид го освои 6-то место, Илче Грунче 10-то , Игор Каневче 13-то,Иво Илинчев 14-то од ЕК Бофор-Охрид, Златко Златески 15-то, Ардијан Фејзулоски 18-то, Никола Чуркоски 20-то од ЕК Снегар- Струга.


Во класата Оптимист до 12 години од 26 едриличари супериорно првото место и златниот медал го освои Дамјан Поп-Стефанија од ЕК Далга Охрид, Игор Каневче 4-то и Иво Илинче 5-то место од Бофор-Охрид, Златко Златески 8-мо место од ЕК Снегар-Струга.

Во класата Ласер 4.7 учествуваа девет едрилици, Ердал Лушо од ЕК Снегар-Струга запаѓајки во заветрина во последнта трка го загуби бронзениот медал и го освои 4-то место, на 5-то место се пласира Димитар Поп-Стефанија од Бофор-Охрид.


Македонските едриличари покажаа вистинско умеење во едрење и се спротивставија на морските едриличари во нивни услови на едрење.

Ohridnews