Во текот на изминатата недела, поголемиот дел од охридското крајбрежје беше прекриено со масна дамка.
Но деновиве, водите во Охридското Езеро се бистри како никогаш. Дали ова се должи на брановите и силниот ветер од изминатите денови, или пак во прашање се надлежните, никој не знае.
Граѓаните до сега на неколку наврати реагираа до надлежните да се отстранат масните дамки, кои можат да доведат до нарушување не еко-системот во езерото.
Дамките најчесто се предизвикани од истекување на гориво од пловните објекти, кое го загрозува живиот свет во езерските води.
О.Т.