Во текот на вчерашниот ден, надојденото езеро и силните бранови на градскиот кеј исфрлија поголема количина отпад.

Она што загрижува е што покрај трската, брановите исфрлија комунален отпад од мини-депонии кои претставуваат опасност за целокупниот екосистем на езерото.

Сепак, екипите на охридското јавно претрпијатие „Комуналец“, во текот на денот се мобилизираа и го исчистија градскиот кеј од отпадот.

О.Т.