Поради зголеменото ниво на Охридското Езеро, кое е 25 сантиметри над максималната кота, дојде до оштетување на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на селото Пештани.


Во тек е санација на патот каде се поставува нов тампон со слоеви големи и поситни камења.


За време на интервенцијата возилата беа пропуштани наизменично од двете страни на овој инаку фрекфентен патен правец.


Надојденото Езеро „проголта“ и дел од плажите, а поради високиот водостој на реките и обилните врнежи од дожд под вода се и поголеми површини обработливо земјиште во Охридско.

OhridNews