Нивото на Охридското Езеро според денешните мерења на ЕЛЕМ се наоѓа на 27 сантиметри над максимално утврдената кота, односно на 694,02 метри надморска височина, што е два сантиметри повеќе од дозволената горна граница на езерото при големи води (694 м.н.в.), утврдена со водостопанската дозвола на ЕЛЕМ.
Високо е и нивото на реките во сливот на Охридското Езеро што дополнително ја усложнува ионака сложената хидролошка состојба. Во истекот во реката Дрим од езерото се испуштаат околу 40 литри во секунда, а од преливната шахта на акумулацијата Глобочица 100-120 литри вода во секунда. Дополнително во Дрим е пренасочен и дел од реката Сатеска, но засега без последици по населените места и инфраструктурата по течението на реката.
Најмногу штети засега има на охридското крајбрежје. Освен платформите на угостителските објекти во центарот на Охрид кои се изградени во вода забележани се и оштетувања на инфраструктурата. Јужниот ветер од препополното езеро исфрли и големи количини отпад.
Штети има и на плажите на источното крајбрежје. Поголеми оштетувања се забележани на плажата кај Лагадин.
Според најавите, во наредните денови ќе дојде до стабилизација на времето, но високиоот водостој на езерото и натаму претставува потенцијална опасност, особено при јужен ветер.
OhridNews
фото: Емил Јовановиќ
Нови штети за угостителите, од ЦУК тврдат функцијата на колекторот е во прифатлива состојба
Обновено+Видео: Југот ја засили брзината, преполното езеро се излева на кејот, колекторот пред кола
Видео: Бранови го заплискуваат кејот, состојбата со преполното Езеро засега стабилна























