Нивото на Охридското Езеро веќе неколку дена е непроменето,  но бележи висок водостој од 24 сантиметри над максималната граница.

– Добро е што нема покачување, што се е под контрола. Од УХМР прогнозите се дека не се очекува да дојде до зголемување на нивото на водата во езерото затоа што максимално се отворени капиите на изливот во Црн Дрим. Она што може да истече од Охридското Езеро како количина по кубен метар во секунда е таква што ни дава за право да очекуваме дека нема да дојде до зголемување на водостојот на езерото.- истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, кој вчера ги посети ктитичните делови на охридско-струшкото крајбрежје.


Министерот Димовски

На кејот во Охрид поставени се неколку илјади вреќи со песок и земја како превенција од можно излевање на надојденото езерото. Водата е речиси до работ на шеталиштето, а под вода се и скалите кои се користат за симнување во езерото.


Езерото се качува по скали

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи врнежите од дожд ќе продолжат и денеска, а кон кон крајот на денот ќе има заладување и врнежи од снег. Во сабота ќе дува засилен северен ветер. Променливото, студено, ветровито и врнежливо време ќе продолжи и во текот на наредната недела.

Г.М.