Иако нивото на Охридското Езеро постепено се намалува, поради високиот водостој голем дел од крајбрежјето и понатаму е под вода.

Повеќе од еден месец, старото пристаниште пред хотел Палас е поплавено, а брановите кои изминатиот период го зафатија Охрид, предизвикаа дополнителни оштетувања.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, нивото на Охридското Езеро се наоѓа на 693, 98 (+23) метри надморска височина, што е за неколку сантиметри пониско од пред неколку денови.

Инаку, надлежните институции во текот на изминатата недела, предупредија дека повлекувањето на надојдените води може да предизвика наезда на глодари и инсекти, поради што надлежните институции се подготвуваат да извршат дезинфекција, дезинсекција и дератизација во критичните подрачја.

О.Т.