Дека еколошката свест кај нас е на многу ниско ниво, потврдува и следнава фотографија на која се гледа отпад кој езерото го исфрлило на брегот. Меѓу отпадоците има и шише солна киселина.


-Можам да сфатам брановите да исфрлат на брегот пет амбалажа, или пак некој несовесни посетители да остават зад себе. Но ова лето наидов на пластично шише од СОЛНА киселина. Дали е таа фрлена при чистење на ВЦ на некој брод  или од вилите на крајбежието па струјата го однела, незнам . А можно е некој и намерно да ја фрлил, што е најлошата претпоставка. Мислам дека е корисно пред и по сезоната  надлежните од областа на екологија да спроведуваат акција со кајче,  да ги прочешлаат  непристапните места на брегот
, вели читателот кој ја направи оваа фотографија.

OhridNews