Вчера во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро во Охрид било пријавено дека две лица кои со СУП даски пловеле во водите на Охридско Езеро на околу 1000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со извикување барале помош.

Полициските службеници веднаш пристапиле и презеле мерки за нивно безбедно префрлање на полициските чамци, по што констатирале дека се работи за 19 и 18-годишни лица, двете од Охрид, кои поради нагло влошување на временските услови со силен ветар и големи бранови, со даските се повеќе се оддалечувале и не биле во можност да се вратат на брегот. Тие безбедно биле пренесени во просториите на езерската полиција, велат од СВР Охрид.
Воедно, со цел зголемена безбедност на вода, упатуваат апел до сите капачи и корисници на суп даски или педалинки да не се оддалечуваат од означените безбедносни зони и да ги почитуваат безбедносните мерки.
OhridNews












