Полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ (езерска полиција), која е во состав на граничната полиција на Регионалниот центар „Запад“ се вклучи во рамки на реализацијата на оперативниот план „Безбедно лето 2023“.

Тие, вршејќи активности со пловни чамци по Охридското Езеро, го спроведуваат проектот „Превенција од сончаница и топлотен удар“, при што остваруваа контакт со граѓани кои пловат по езерото и низ непосредна комуникација ги потсетуваа дека топлото време и високите температури може да предизвикаат и сериозни последици врз здравјето и да доведат до состојби како што се сончаница и топлотен удар, кои понекогаш можат да бидат и закана за нивните животи, велат од СВР Охрид.

Притоа, додаваат, на граѓаните им беше поделен и едукативен материјал со практични совети за избегнување на несаканите последици потенцирајќи дека ваквите превентивни активности ќе продолжат и во наредниот период.

OhridNews