Охриѓанки ја добија “езерската“ пресметка победувајќи со  62-46, со што ја забележаа третата победа во серија. За стружанки кај кои евидентен беше недостатокот на искуство ова беше трет пораз по првите четири кола.


Рамноправно се играше во првото полувреме кога ните едните ниту другите не успеаа да направат осетна предност. Првата двоцифрена предност ја остварија на стартот на третиот период кога Колибри, благодарение на поените на Балазоска поведоа со 46-34.


Отпорот домашните го скршија во последниот период кога со стрплива игра го полнеа кошот на стружанки. Балаозска мечот го заврши со 27 поени, Рајчиноски уфрли 16, Миладиновска 13, Цветаноска 5 и Ангеловска 2 поени.


Кај гостите најпрецизна беше Крстаноска со 14 поени, на бројката 13 заврши М.Петкоска, Василеска 8, Карамачоска 5, М.Петкоски 2, Ј.Петкоска 3.

М.П.