Ракометарите на Охрид во рамки на 2-то коло на Супер лигата вечерва ја пречекуваат екипата на Струга.

Подготвени сме, ќе го дадеме максимумот да ја постигнеме првата победа во оваа сезона во домашното првенство. Ги повикувам сите домашни навивачи да дојдат во што поголем број да не поддржат, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Ален Ќосевски.

Натпреварот се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 19 часот.

OhridNews