Ракометарите на Охрид во рамки на 2-то коло на Супер лигата во сабота, 12 септември, ја пречекуваат екипата на Струга.

Играме против Струга, нов и добро избалансиран тим со искусни играчи. Ние сме фаворити, но тоа мора да го покажеме на терен. Со максимална концентрација, борбеност и тимска игра верувам дека ќе стигнеме до првата победа сезонава и ќе се радуваме пред нашата публика на домашен терен, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Мартин Карапалевски.

Натпреварот се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 19 часот.

OhridNews