Езерско дерби во среда во Охрид. Во рамки на 12 коло од Супер лигата ракометарите на Охрид ја пречекуваат екипата на РК Струга.

После натпреварот со Слога Добој не очекува езерското дерби со екипата на Струга, која е составена од млади играчи што сакаат да се докажуваат. Иако сме фаворити мораме максимално да влеземе на овој натпревар и да извојуваме уште една победа, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Дејан Кукуловски.

Натпреварот се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18 часот.

OhridNews