Фудбалерите на Охрид, утре (среда) со почеток во 17 часот и 30 минути, на Градскиот стадион во Струга против Караорман ќе одиграат нов контролен натпревар во подготвителниот период.

За „рибарите“ ова ќе биде трет натпревар во текот на подготовките. Претходно, избраниците на Драган Бочески ремизираа со Тиквеш (0-0) и претрпеа пораз од Работнички (0-2).

Караорман со сериозни амбиции влегува во подготовките за новата сезона во Третата македонска фудбалска лига југо-запад, затоа дуелот со Охрид ќе биде сериозен тест за квалитетите на екипата.

OhridNews