Билјана 006  – Кимико (23-15, 13-12 ,22-18 , 26-16)  84-61

Благодарение на локалната самоуправа, охриѓанки  ги продолжуваат натпреварите во првата лига, а го потврдија учеството и во заврнишцата на купот во Битола.
Двоецот Балазоска – Георгиева  искомбинираа 57  поени за охриѓанки кои во своја корист го решија Езерското дерби . Домачните го контролираа текот на натпреварот беа константно во водство, отпорот на актуелниот шампион го кршеаа во текот на велиот натпревар ,а во последната ¼ ја стекнаа високата предност. Полека охриѓанки влегуваат во ритам  токму пред натпреварот во наредното коло кога во “Билјанини извори“ доаѓа лидерот Вигор.

АМАК СП – Краснаја 74:42

Кошаркарите на АМАК викендов ја забележаа осмата победа во исто толку натпревари во Првата Б лига. Со 16 бода “охриѓани“ се на првото место на табелата со максимални 16 бода. Во следното коло АМАК се среќава со екипата на Торус.

Маџари – Илинден 0-1

Изненадувачка победа на фудбалерите на Илинден од Велмеј кои во Скопје минимално со 1-0 го совладаа тимот на Маџари и се суште не ги загубија тоеретските шансите за опстанок во лигата. Караорман по поразот од Цементарница 2-0, останува во опасната зона. Во наредното  24 коло кое се игра во вторник – 3 Април, Илинден во с.Велмеј ќе ја пречека третопласираната екипа на Металург. На останатите натпревари Милано – Турново 2-1 ,Тетекс- Беласица 3-0 ,Металург – Вардар Д. 1-0.

М. Постолоски