Скопјанец Костенчев Никола е делегиран за главен судија на “езерското дерби“ кое викендов се игра на Билјанини Извори.

Костенчев во воведните рунди ја нема делено фудбалската правда на мечевите на “рибарите“, но затоа бил главен на мечот од четвртото коло меѓу Влазними и Ринија кој заврши 0-0. Негови помошници ќе бидат Николов Трајче и Миланова Билјана и двајцата од Скопје.

Натпреварот во Струмица, помеѓу Беласица и Охрид Лоте ќе го води Ангелов Александар од Кочани. Негови помошници ќе бидат Иванов Сашо од Штип и Богатинов Игор од Кочани. Ангелов сезонава не водел натпревар на кој играле овие две екипи.

OhridNews