„Езерското“ ракометно дерби помеѓу Струга и Охрид во рамките од деветтата рунда од плејаутот во Супер лигата ќе биде во знакот на хуманоста.

Ракометниот клуб Струга, одлучи, сите финансиски средства од билетите да ги донира за лекувањето на Мартин Стојаноски во рускиот град Москва. Дуелот се игра в сабота со почеток во 18 часот, а цената на билетот изнесува 100 денари.

  • Како клуб се приклучуваме во хуманата мисија за помош на Мартин Стојаноски. Сите средства од билетите ќе ги уплатиме на неговата сметка. На Мартин му посакуваме добро здравје, брзо опоравување и му упатуваме силна поддршка, а на двете екипи му посакуваме добар натпревар. – изјави за Ohrid News, Наумче Мојсоски.

Пресметката во Струга ќе биде четврта оваа сезона помеѓу лутите ривали. Во досегашните три Охрид победи два пати, а еднаш славеа стружани.

OhridNews