Албанскиот дефанзивец Фјоралб Делиај е првото засилување за Струга Трим Лум во зимскиот преоден рок помеѓу двете полусезони во Првата македонска фудбалска лига.

22-годишниот фудбалер ќе биде опција плус за стратегот Јетон Бекири на десната бековска позиција и одбраната. Тој во Струга се пресели од Фљамуртари, а претходно настапувал за клубот Тирана.

„Црвено белите“ ги започнаа подготовките за пролетната полусезона во македонска фудбалска елита. Делиај е единствено ново име, а од клубот заминаа Христијан Драгарски и Александар Далчески.

Првата полусезона Струга ТЛ ја помина на шестата позиција со четири бодови предност од тимот кој се наоѓа на местото кое води во баражот за опстанок во Првата лига.

OhridNews