Шпанскиот пилот Фернандо Алонсо и Џенсон Батон ќе го сочинуваат двоецот пилоти во тимот на Мекларен за следната сезона.
Откако замина од Ферари за Алонсо најчеста дестинација се спомнуваше токму Мекларен затоа не е изненадувачка одлуката на некогашниот Формула 1 првак.
Батон доби предност пред Данецот, Кевин Магнусен, кој минатата сезона беше еден од двајцата пилот на Мекларен.
Алонсо во болидот од Мекларен ќе атакува на третата шампионска титула, која чека од 2006 година додека за Батон ова ќе биде 16-та сезона во Ф1.
Мх.П.