Џенсон Батон се враќа во болид за ГН Монако како замена за Фернандо Алонсо во Мекларен.
Британецот можеби не се надеваше дека ќе има враќање на патеките после ГН Абу Даби, трка која му беше 305-та во кариерата. Сега му се укажува шанса од причина што Алонсо одлучи со поддршка на Мекларен да настапи на легендарната трка Индијанаполис 500. Батон се враќа на патеката каде во 2009 година имаше победа.
“Чувството е просто неверојатно. Кога добив покана од Булие немав толкава еуфорија, но сега како наближува трката е подруго. Нестрплив сум да седнам во болидот, од причина што оваа е една од најдобрите трки во сезоната. Монако е единствена патека која бара премногу работа и доста ситни сетирања на болидот. Сето тоа за нас возачите е преголем предизвик, па заради тоа ова е за мене најсаканата трка. Искрено уште го немам тестирано MCL32, но сепак верувам дека сум подготвен. Патеката ја познавам многу добро, а веќе се потсетив и на симулатор. Физички сум во добра кондиција затоа што се подготвував за триатлон“- Изјави Батон
Следната трка како ГН на Монако се одржува од 25 до 28 мај.
Распоред на активностите:
Четврток:
Прв тренинг: 10:00 – 11:30
Втор тренинг: 14:00 – 15:30
Петок:
Слободен ден
Сабота:
Трет тренинг : 11:00 – 12:00
Квалификации: 14:00
Недела:
Трка: 14:00
OhridNews