Супремото на Формула 1, Берни Еклстоун, конечно призна дека не гарантира дека трката во Германија е сигурна за одржување во 2017 година.

Следната година трката во Хокенхајм е внесена во календарот и по след на околностите би требало да се продолжи со традицијата и во 2017 како ГН на Германија да се одржи на Нинбургринг. Последните вести кажуваат дека Нинбургринг е во тешка финансиска состојба и не е во можност да ја организиираат трката во Ф1.

Сето ова доведе до двоумење на Еклстоун кој расмислува околу две решенија: Или Големата Награда на Германија да се пресели за секогаш во Хокенхајм или пак да ја исфрли од календарот на светското првенство во Ф1. Што според познавачите на овај спорт би било скандал.

“Ништо не е сигурно, сеуште неможеме да одлучиме. За нас 2017 година е многу далеку. Додека ја давам оваа изјава пред мене имам лист и пенкало и ако имате некоја паметна идеја, одма ќе ја запишам. Ја разбирам и традицијата и желбата на љубителите на формула, ама мора да ме разберите дека не све до нас, дека не сме тие кои можиме сами да пресечиме. Времето ќе ни помогне“ – изјави Берни кој полека но сигурно ја преселува формула еден надвор од Европа.

Ohridnews