Сите трки во F1, освен една, речиси се со иста километража.
Правилата налагаат трката задолжително да трае додека не се извозат минимум 305 км.. Потоа се одредуваат бројот на кругови на секоја патека. Ако патеката е долга 4444 м или 4.444 км, бројот на кругови се одредува со делење на 305 и 4.444 со заокружување на првиот поголем број. Во случајов 305:4.444=68.632, заокружуваме на 69, затоа што 68X4.444 =302.192, што е помалку од 305 км. Тогаш ќе имаме 69X4.444=306.636 км. Затоа викаме дека се со приближно исто траење.
Единствено од ова отстапува трката во Монако за која важи посебно правило кое бара да се поминат минимум 206 км.
Доколу трката надмини 2 часа времетраење, конечниот пласман се одредува на крајот на кругот со кој се поминале два часа возење.
Прекин и продолжување
Ако трката е прекината заради инцидент или лоши временски услови на патеката, се истакнуваат црвени знамиња и црвено светло. Кога ќе се случи ова, се затвора излезот од боксовите и сите болиди мораат да дојдат на стартно целната рамнина без претекнување и да застанат според моменталниот пласман. Ако некој влезе во бокс заради што е затворен излезот ќе мора да стартува од пит линијата.
Сигурносниот автомобил се поставува на чело на колоната, а додека трае прекинот членовите на тимовите смеат да дојдат до болидите заради работа и припрема на истите за следен старт. Но сепак долевање на гориво не е дозволено.
Болидите кои во меѓувреме биле влезени во боксовите можат да се придружат на стартната рамнина на она место кое биле пред прекинот на трката. Известувањето за продолжување на трката мора да се даде најмалку 10 минути пред стартот, а трката продолжува со сигурносното возило на чело на колоната. Не е дозволено претекнување додека се вози позади сигурносното возило, освен ако возачот доцнел при тргнувањето па ги приморал другите да го претекнат. Во овај случај тој смее да ги претекне возила кои го поминале за да стигне на своето стартно место. Ако тоа не успее да го направи до крајот на кругот, мора да влезе во бокс и во трката да се врати кога при рестартот сите возила ќе поминат покрај боксовите.
Ако од било која причина не е можно да се продолжи трката пласманот се одредува два круга порано од прекиннот. Колку и да има рестартови трката не смее да трае повеќе од 4 часа.
OhridNews