Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас ги засени Луис Хамилтон и Себастија Фетел освојувајќи ја стартната позиција на гран при трката за голема награда на Бахреин.


Пол позицијата во Бахреин е прва за Ботас во кариерата кој сезонава го наследи Нико Розберг во тимот на Мерцедес и ги „раздели“ Хамилтон и Фетел кои ги поделија стартните позиции на минатите две трки.

Од втората позиција ќе стартува клупскиот колега на Ботас, Хамилтон додека од третата Фетел, а од четвртата Даниел Рикардо од тимот на Ред Бул.


Од петтата позиција ќе стартува Кими Раиконен, од шестата Макс Верстапен, а понатаму се Нико Хулкенберг, Филипе Маса, Роман Грожан и Жолион Пламер.

Во пресрет на трката Хамилтон и Фетел имаат ист број на бодови на табелата по 43 и сите погледи на трката во Бахреин ќе бидат вперени во дуелот на двата водечки пилоти.

OhridNews