Финскиот пилот, Валтери Ботас е новиот возач на Мерцедес, објави на својата официјално интернет страница германскиот формула тим.
Дваесет и седумгодишниот пилот кој во екипата го наследи актуелниот светски шампион Нико Розберг кој се самопензионира, двапати во досегашната кариера завршил на подиумот на второто место, и тоа во 2014 година на Силверстон и на Хокенхајм.
Ботас во Формула 1 четири години помина во тимот на Вилијамс, а шефот на Мерцедес, Тото Волф, бираше меѓу него и Паскал Верлен. На крај се одлучи за Финецот, што покрена реакција и во другите тимови.
Така, Верлен отиде во Заубер, додека местото на Ботас во Вилијамс го зазеде Филипе Маса, кој се прости на крајот на мината сезона од натпреварувањата, но сепак одлучи повтоно да учествува.
OhridNews