Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен триумфираше на трката за големата награда на Бразил.

Претпоследната трка во Формула 1 сезоната ја одбележа Верстапен кој прв низ мина целта и двоецот на Ферари кој меѓусебно се судри и предвреме ја заврши трката.

Верстапен до третата победа сезонава а осма во кариерата стигна на доминантен начин водејќи од почетокот до крајот на трката. Многу возбудувања имаше во борбата за што повисока позиција во генералниот пласман. Старо новиот првак Луис Хамилтон имаше блиска средба со Александра Албон. Дисциплинската комисија му изрече казна од пет секунди шо на крајот го чинеше Хамилтон пласман на подиумот. Сепак, најинтересен момент беше сударот на двоецот од Ферари. Себастијан Фетел и Чарлс Леклерк се судрија и во 66-от круг ја завршија трката.

Оваа трка и следната која ќе се одржи во Абу Даби на 1 декември се само за престиж бидејќи сите дилеми се решени во Ф1. Хамилтон е нов првак а титулата во конструктури замина во тимот на Мерцедес.

OhridNews