Германскиот пилот Себастијан Фетел ја забележа првата победа во тимот на Ферари победувајќи на патеката „Сепанг“ за големата награда на Малезија.


До 40-та победа во кариерата Фетел стигна откако го совлада актуелниот првак во Ф1, Луис Хамилтон во крајно неизвесната трка.

Тимската тактика овој пат пресуди, но мора да се напомене дека Фетел имаше трка без ниту една грешка што му донесе прва радост на Ферари после цели две години.

Хамилтон, кој стартуваше од пол позицијата финишираше на второто место додека Нико Розберг го задржа стартното место и заврши на третото.

Пласман : Себастијан Фетел (Ферари),  Луис Хамилтон (Мерцедес), Нико Розберг (Мерцедес), Кими Раиконен (Ферари),  Валтери Ботас (Вилијамс), Фелипе Маса (Вилијамс), Карлос Саинц (Торо росо), Макс Верстапен (Торо росо), Данил Квијат (Ред бул), Дани Рикардо (Ред бул).

Табела : Хамилтон 43, Фетел 40, Розберг 33, Маса 20, Раикокен 12…

Мх.П.