Докторската екипа на ФИА ќе го има последниот збор околу настапот на пилотот на Мекларен, Фернандо Алонсо за втората трка сезонава која ќе се вози во Бахреин.


Шпанецот имаше страотна несреќа на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн, Австралија по која целосно настрада болидот.

– Среќен сум што одам накај Бахреин по несреќата во Австралија. По трката доста одмарав и нетрпелив сум да се вратам во болидот. – рече Алонсо за шпанските медиуми.

Англиските, пак, откриваат дека во тимот на Мекларен се приклучил и Стофел Вандорн кој би преставувал замена за Алонсо ако не се опорави на време.

На првата трка сезонава триумфираше Нико Розберг, а втората на програмава е викендов со почеток во 18 часот.

OhridNews