Пилотот во екипата на Скудерија Ферари, Фернандо Алонсо победи во трката за големата награда на Шпанија. Втор целната рамнина ја помина Финецот, Кими Раиконен од тимот на Лутос додека одлично попладне за Ферари го комплетираше, Филипе Маса, кој заврши на третата позиција.

Шпанецот на домашната патека ја извоза можеби најдобрата сезонава, не оставувајќи ни малку простор на противниците за поволен резултат.

– Да победиш пред своите гледачи е фантастично. Целата трка ја чувстував нивната подршка и тоа ме одведе до лесен триумф, кој ме доближи до лидерот на табелата – рече Алонсо.

Наредната трка од “најбрзиот циркус“ ќе се одржи во Монте Карло на 26 мај.

Мх.П.