Трката за големата награда на Австрија помина во знакот на пилотите на Мерцедес, Нико Розберг и Луис Хамилтон кои ги освоија првите две места на пиедесталот. Бразилецот Филепе Маса заврши на третата позиција добивајќи го дуелот со Себастијан Фетел.
Розберг до третата победа сезонава стигна искористувајќи ги грешките на својот тимски колега Хамилтон, кој беше казнет со пет секунди.
Сепак, трката ја одбележа борбата за третата позиција меѓу Маса и Фетел, која траеше 20 кругови.
Бразилецот во болидот на Вилијамс оддолеа и ги затвори сите обиди на упорниот Германец, кој на крајот мораше да се задоволи со четвртата позиција.
На петтата позиција заврши Валтери Ботас од Вилијамс, а бодови освоија уште Нико Хулкенберг, Пастор Малданадо, Макс Верстапен, Серхио Перез и Даниел Рикиардо.
Ohridnews