Актуелниот светски шампион во Формила 1, британскиот автомобилист Луси Хамилтон во болидот на Мерцедес победи на трката за Големата награда на Кина која се возеше на патеката во Шангај, пред клупскиот колега, Германецот Нико Розберг.
Со победата во Шангај, во трката со којашто водеше од стартот до целта, Хамилтон кој сега има 68 бодови, ја зголеми предноста во редоследот на возачите на 13 одови, во однос на Себастијан Фетел од тимот на Ферари кој има 55 бодови, кој во трката во неделата го освои третото место. Четврти беше вториот пилот на Ферари, Кими Раиконен.
Последните два круг возачите ги минаа возејќи зад безбедносното возило, кое излезе поради тоа што на Макс Верштапен му откажа моторот, па неговиот болид мораше да биде отстранет од патеката.
Следниот викенд на распоред е четвртата трка од ова сезона на Светското првенство во Формила 1, а ќе се вози за Големата награда на Бахреин.
„Макфакс“