Шпанскиот пилот Карл Сајнц Јуниор ќе биде замената за Германецот Себастијан Фетел во италијанскиот клуб, Скудерија Ферари.

Сајнц Јуниор со Фетел на средба со медиумите

Како што пренесуваат медиумите кои се занимаваат со авто-мото спортовите, Шпанецот веќе имал договорено трансфер во Ферари и затоа одбивал продолжување на соработката со Мекларен.

Кариерата на 25-годишниот Сајнц е во нагорна линија и во тимот на Ферари ќе има вистинска можност да покаже дали може да се бори за титули или ќе биде само партнер пилот.

Ферари ако го ангажира шпанскиот пилот ќе состави млад тандем, затоа што во тимот веќе е 22-годишниот Чарлс Леклерк.

OhridNews