Тимот на Скудерија Ферари го престави новиот болид за сезоната која доаѓа во Формула 1 шампионатот. Пилотите останаа исти Себастијан Фетел и Кими Раиконен, но амбициите и желбите се доста поголеми за разликата од минатата сезона.
– Оваа година, ние треба да форсираме малку повеќе. Ние би сакале да се бориме за Титулите до самиот крај на Шампионатот. Знам дека нема да се биде лесно, бидејќи нашите конкуренти не спијат, но ние сме целосно посветени да го извадиме нашиoт целосен потенцијал.- рече Симоне Реста.
Новата сезона во Ф1 почнува на средината од март месец, а титулата ќе ја брани пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон.
OhridNews













