Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо се повлекува од Формула 1. Шпанецот објави емотивно видео за збогум на својот Твитер профил, а истовремено со тоа Мекларен официјално ја потврдија веста.

Шефот на Мекларен, Зак Браун, изјави дека Фернандо не е само амбасадор на Мекларен, но и на Ф1.
– Неговите 17 години во спортот, како еден од најистакнатите од неговата генерација и без сомнение еден од најголемите во Ф1, додадоа нов слој во богата историја на Формула 1. За секој настапува време да направи промена и Фернандо одлучи неговата да настапи по крајот на сезоната. Ние ја почитуваме неговата одлука, иако тој се наоѓа во најдобрата форма за целата кариера. Отворениот дијалог со Фернандо ни овозможи да се подготвиме за таква опција, вели Браун.
Тој додаде дека Алонсо ќе продолжи да се натпреварува на максимално високо ниво и во преостанатите девет старта до крајот на сезоната.
OhridNews











