Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел по завршување на трката во Абу Даби која го одлучи новиот шампион во Формула 1 циркузот го обвини Луис Хамилтон за валкана игра.
Британецот и трикратен шампион водеше констатно во трката, но на сега веќе новиот шампион, Нико Розберг му требаше пласман на втората позиција која во секој момент го имаше.
Фетел прстот кон Хамилтон го впери поради забавувањето на девет круга пред крајот на трката. – Кога стигнав зад Розберг бев побрз, но, тоа се должеше на фактот што Луис многу забави. Се обидов да стигнам до победата, но тие беа многу, многу брзи на правците. Со пилотите од Ред Бул беше полесно, можеби поради фактот што Верстапен не можеше да го користи ДРС-от, додека Розберг го имаше, така што беше тешко да се помине.
Германецот му честиташе на својот сонародник за првата титула во кариерата и фантастичната борба со Хамилтон до последната трка.
– Ова е сезона на Розберо, се се заврши добро за него. Мислам дека титулата во Ф1 не може да се освои на среќа, и поради тоа тој го заслужува целосниот респект. Шампионската Титула е заслужена. – заврши Фетел.
Пилотот на Ферари годинешнава сезона во Формула 1 ја заврши на четвртата позиција со 212 бодови. Розберг титулата ја обезбеди со 385 бодови, пет помалку имаше Хамилтон.
Ф1: Пирова победа на Хамилтон, Розберг нов шампион
OhridNews