Пилотот на Ферари, Себастија Фетел пред почетокот на новата сезона посака својот клупски другар Кими Раиконен да му биде најголем ривал за титулата во Формула 1 шампионатот.
Минатата сезона пилотите на Ферари завршија позади шампионот Луис Хамилтон и Нико Розберг кои доаѓаат од тимот на Мерцедес.
– Се надевам дека ќе се борам со него за првото место. Знам за неговите квалитети, знам за моите и искрено посакувам ние двајца да го имаме главниот збор во новата сезона. – рече Фетел.
Германецот во Ферари пристигна минатата сезона, а во втората која ќе ја започне годинава се очекува да ја врати титулата во Скудерија по подолго време.
OhridNews











