Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, ја освои пол позицијата пред 13-та трка во сезоната, Големата награда на Сингапур. Германецот до својата прва пол позиција како возач на Ферари, дојде со најбрзиот круг на патеката „Марина беј“ во време од 1:43.885 минути.
Четирикратниот светски првак Фетел го спречи Луис Хамилтон да го израмни рекордот од осум последовaтелни пол позиции на легендарниот Аертон Сена. Британецот трката во Сингапур ќе ја стартува од петтата позиција, откако Мерцедес не успеа да го пронајде вистинското темпо на патеката во однос на Ферари и Ред Бул.
Германецот ја прекина доминацијата на возачите на Мерцедес во досегашните квалификации, Хамилтон сезонава освои 11, а Розберг една пол позиција.
Покрај Фете0л, од првиот стартен ред трката ќе ја започне возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо.
Тимските колеги на Фетел и Рикардо, Кими Раиконен и Данил Квјат го формираа вториот ред на стартот, а зад нив од третиот ред ќе стартуваат Луис Хамилтон и Нико Розберг. возачите на Мерцедес, во квалификациите имаа за секунда ипол послабо време од Фетел.
Меѓу првите десет трката во Сингапур ќе ја стартуваат Ватери Ботас (Вилијамс), Макс Ферстапен (Торо Росо), Фелипе Маса (Вилијамс) и Роман Грожан (Лотус).
Трката за Големата награда на Сингапур ќе се вози в недела од 14 часот по средноевропско време.
Ohridnews