Германскиот пилот Себастија Фетел во редовите на Ферари триумфираше во Сингапург која беше 13-та трка во Формула 1 сезоната.
Пол позицијата на стартот Германецот ја искористи и од почеток па се до самиот крај имаше водството во трката која понуди неколку несекојдневни случки.
Во текот трката на патеката се појави непознат човек кој слободно шеташе веднаш до оградите што предизвика паника и вознемиреност кај организаторите.
Траката исто така го одбележа откажувањето на водечкиот пилот во генералниот пласман Луис Хамилтон во 34-от круг.
Втор на целната рамнина помина Даниел Рикардо додека одличниот викенд за Ферари го комплетираше Кими Раиконен кој се најде на третата позиција.
Пласман : 1. Фетел (Ферари), Рикардо (Ред Бул), 3. Раиконен (Ферари), 4. Розберг (Мерцедес), 5. Ботас (Вилијамс), 6. Квит (Ред Бул), 7. Перес (Форс Индијана), 8. Верстапен (Торо Росо), 9. Карлос Саинс Јуниор (Торо Росо), 10. Наср (Заубер).
Генерален пласман : Хамилтон 252 бодови, Розберг 211, Фетел 203, Раиконен 107…
Мх.П.











