Пилотот на Мекларен, Фернандо Алонсо нема да има можност да се бори за бодови на патеката „Шакир“ во Бахреин откако докторскиот тим на ФИА му забрани да се натпреварува.
Шпанецот имаше страотна несреќа на премиерната трка во Формула 1 шампионатот. Болидот претрпе огромни штети, a Алонсо се здоби со скршеница на едно ребро.
На последните лекарски тестирања Алонсо не помина и неговот место ќе го заземе актуелниот првак во ГП2 серијата, Стофел Вандорн.
– По испитувањата кои денеска се одвиваа во Медицинскиот Центар во Бахреин, решено е возачот на Мекларен Хонда, Фернандо Алонсо да не учествува во тркачкиот викенд. Неговите гради беа два пати снимани на компјутерска томографија и не беше најдена чиста слика за да му се дозволи да се трка. Со оглед на ситуацијата, пред Кинеското ГП ќе бидат потребни повторни слики од компјутерска томографија за да му се дозволи на возачот да учествува на таа трка – стои во официјалното соопштение од ФИА.
Предквалификациите за втората трка сезонава почнуваат во петок, во сабота се главните квалификации, а во недела во 18 часот на програмата е трката.
OhridNews