Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон од првата позиција ја пречекува последната трка во Абу Даби, која ќе одлучи шампионот за 2014 година.
Хамилтон во пресрет на последната трка од сезоната има предност од 17 бодови пред второпласираниот Нико Розберг од Мерцедес.
– Нема некои посебни подготовки за вакви трки кои одлучуваат за титулата. Треба да ја возиш како и секоја во текот на сезоната. Многу сум искусен за некаков притисок врз мене. Ова не ми е прв дуел за титулата со Розберг, еднаш бев поуспешен пред 15 години во картинг серија кога ја започнувавме кариерата – рече Хамилтон.
Од оваа година освоените бодови на последната трка од сезоната се дуплираат што е мотив повеќе за пилотите во Ф1.
Мх.П.