Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон е се поблиску од одбраната на титулата во Формула 1 шампионатот откако триумфираше на трката во Сочи за голема награда на Русија.
Во прилог на Британецот беше откажувањето на својот тимски колега Нико Розбег уште во осмиот круг. Неговиот болид неочекувано застана и не продолжи потоа што беше причина тој да се повлече од трката.
Втората позиција на пиедесталот ја зазеде пилотот на Ферари, Себастијан Фетел додека на третото место се пласираше Мексиканецот Серхио Перез од екипата на Форс Индијана.
Првата петорка во Сочи ја комплетираа Филепе Маса (Вилијамс) и Кими Раиконен (Ферари), а бодовите освоија уште Данил Квит (Ред Бул), Фелипе Наср (Заубер), Пастор Малдонадо (Лотус), Џенсон Батон (Мекларен) и Фернандо Алонсо (Мекларен).
Генерален пласман : Хамилтон 302 бодови, Фетел 236, Розберг 229…
Мх.П.












