Водечкиот пилот во генералниот пласман, Луис Хамилтон ја зголеми предноста на табелата од конкурентите откако го освои целиот плен во Германија на трката „Хокенхајм“.


Со триумфот во Германија, Хамилтон ги растажи домашните фанови кои несебично го бодреа Нико Розберг кој трката ја заврши на четвртата позиција по лошиот старт на трката.

Германецот лесно и „ефтино“ ја продаде пол позицијата на стартот и после првата кривина се падна на четвртата позиција позади Хамилтон и двоецот од Ред Бул, Даниел Рикиардо и Макс Верстапен.

Британецот во ниту еден момент не ја испушти првата позиција која му донесе нова победа, вкупно шеста во Ф1 шампионатот.


На пиедастелот покрај Хамилтон сe искачија Даниел Рикиардо на втората и Макс Верстапен на третата позиција.

Во Ф1 шампионатот има месец дена пауза, а возбудувањата продолжуваат на 28 август со трката „Спа“ за големата награда на Белгија.


Пласман: Хамилтон, Рикиардо, Верстапен, Розберг, Фетел, Раиконен, Хулкенберг, Батон, Ботас и Перез. 

Табела: Хамилтон 217, Розберг 198, Рикиардо 133, Раиконен 122, Фетел 120, Верстапен 115…

OhridNews