Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на трката „Сузука“ за големата награда на Јапонија и ги освои 25-те бодови за првата позиција кои го доближуваат до титулата.
За Британецот ова е трета победа во низа, а осма вкупно во овогодинешниот шампионат од Формула 1.
Втората позиција на пиедесталот му припадна на Нико Розберг од Мерцедес додека „големата“ тројка ја комплетираше Себастијан Фетел (Ред Бул).
До крајот на шампионатот остануваат уште четири трки (Русија, Америка, Бразил и Абу Даби), а Хамилтон има предност од десет бодови пред второпласираниот Розберг.
Пласман : Луис Хамилтон (Мерцедес), Нико Розберг (Мерцедес), Себастијан Фетел (Ред Бул), Даниел Рикијардо (Ред Бул), Џенсон Батон (Мекларен-Мерцедес), Валтери Ботас (Вилијамс-Мерцедес), Филепе Маса (Вилијамс-Мерцедес), Нико Хулкенберг (Форс Индијана-Мерцедес), Жан Ерик Вергне (Рено), Серхио Перез (Форс Индијана-Мерцедес).
Мх.П.