Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја освои пол позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Шпанија, што ќе се вози на патеката Каталуња во Барселона во рамки на светскиот шампионат во Формула 1. Тој на денешните квалификации беше побрз од клупскиот колега Ботас и пилотите на Ферари Фетел и Раиконен.
Трката за Големата награда на Шпанија се вози утре (недела) од 15.10 часот.
OhridNews