Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на патеката Монца за големата награда на Италија.

Хамилтон до 28-та победа во кариерата шеста сезонава стигна на возбудлив начин откако на стартот ја загуби пол позицијата.

Втор целната рамнина во Монца ја мина колегата на Хамилтон, Нико Розберг кој на почетокот успеа да избие на првата позиција.

За прв пат сезонава на подиумот се најде бразилскиот пилот Филипе Маса кој заврши на третата позиција.

Сеуште во генералниот пласман предност има Розбег кој има 238 бодови пред второпласираниот Хамилтон со 238.

Следната трка од Ф1 циркузот ќе се одржи во Сингапур на 21 септември.

Мх.П.