Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон не запира со доминација во Формула 1 откако успеа да искачи на највисокото место на пиедесталот на Монца за големата награда на Италија.


53-те кругови водечкиот во генералниот пласман ги мина пред Себастијан Фетел од Ферари и Бразилецот, Филипе Маса од тимот на Вилијамс.

Проблемите со моторот на болидот пет круга пред крајот на трката го оставија без бодови второпласираниот во генералниот пласман Нико Розберг.

Лош старт на патеката имаше Кими Раиконен, но и покрај тоа тој стигна до петтата позиција.

На четвртото место се пласираше Валтери Ботас кој го комплетираше одличниот викенд на Вилијамс.

Пласман : 1. Хамилтон, 2. Фетел, 3. Маса, 4. Ботас, 5. Раиконен, 6. Серхио Перез, 7. Хулкенберг, 8. Рикиардо, 9. Ериксон, 10. Квајт.

Мх.П.