Пилотот на Мерцедес и водечкиот во генералниот пласман Луис Хамилтон триумфираше на трката во Америка.


Британецот одново имаше трка без грешка, а одлучувачкиот момент се случи во 24-от круг кога Хамилтон го помина Нико Розберг.

До тогаш германскиот пилот ја чуваше предноста, која ја стекна благодарание на пол позицијата.

Трет на подиумот се пласираше Даниел Рикиардо, а веднаш за него финишираше Филепе Маса.

Петторката ја комплетираше Валтери Ботас, а бодови заработија уште Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел, Кевин Магнусен, Жан Ерик Вергне и Пастор Малдонадо.

Хамилтон на две трки пред крајот на сезона има предност од 24 бодови пред второпласираниот Розберг.

Мх.П.