Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон трет пат во низа го освои целиот плен на островот победувајќи на патеката Силверстоун пред неговиот тимски колега Нико Розберг.


Со вкупно четвртиот триумф пред своите гледачи во Велика Британија, Хамилтон уште повеќе се доближи до Германецот, Розберг кој фуриозно ја започна новата сезона. Разликата меѓу тимските ривали сега е само четири бодови.

Место на пиедесталот на патеката Силверстоун обезбеди и Макс Верстапен кој трет ја мина целната рамнина. На четвртото место заврши колегата на Верстапен од Ред Бул, Даниел Рикиардо.


Првата петорка ја комплетираше Кими Раиконен од Ферари, а од шестата до десеттата позиција завршија Серхио Перез (Форс Индијана), Нико Хулкенберг (Форс Индијана), Карлос Сајнц Јуниор (Торо Росо), Себастијан Фетел (Ферари), Даниел Квит (Торо Росо).


Следната трка во Ф1 шампионатот се вози во Унгарија на патеката „Хунгароринг“ од 22 до 24 јули.

Генерален пласман: Розберг 171, Хамилтон 167, Раиконен 106, Рикиардо 100, Фетел 98…

Мх.П.