Актуелниот првак Луис Хамилтон сигурно чекори кон одбраната на титулата во Формула 1 шампионатот откако на патеката „Сузука“ ја забележа осмата победа сезонава во 14-та трка, иначе 41 вкупно во кариерата.


Со победата во Јапонија пилотот на Мерцедес се изедначи во вкупниот број на победи со неповторливиот Бразилец, Аиртон Сена кој е идолна Хамилтон од мали нозе.

– Многу ми значи тоа што со својот идол од детството се изедначив во Јапонија каде Сена водеше жестоки битки со останатите конкуренти. – кратко прокоментира Хамилтон после трката.

Со новите 25 бодови Британецот ја зголеми предноста на 48 бодови пред Нико Розберг кој трката во Јапонија ја заврши на втората позиција.

Ohridnews