Актуелниот светски првак Луис Хамилтонќе стартува од пол позицијата на втората трка во новата сезона, во шампионатот на Формула 1, големата награда на Бахреин.

Хамилтон до втората пол позиција оваа сезона, стигна со рекордно време на патеката „Сакир“ 1:29.493 минути.

Веднаш до Хамилтон трката во Бахреин ќе ја започне неговиот тимски колега Нико Розберг, кој зад трикратниот светски првак задоцни за 77 илјадити делови од секундата. Вториот ред на стартот го освоија пилтотите на Ферари Себастијан Фетел и Кими Раиконен.

Зад пилотите на Мерцедес и Ферари трката ќе ја започнат Даниел Рикардо (Ред Бул), Валтери Ботас (Вилијамс), Фелипе Маса (Вилијамс), Нико Хилкенберг (Форс Индија), Роман Грожан (Хас) и Макс Ферстапен (Торо Росо).

Трката за Големата награда на Бахреин ќе се вози в недела од 17 часот. 

OhridNews